Сент Етјен го почна мечот како што посакуваше, и тоа со гол во деветтата минута преку Буанга, но во судиското надополнување на првиот дел Паје од пенал погоди за 1-1.
Марсеј од 60 до 73. минута дури трипати ја затресе мрежата на домаќините, при што во листата на стрелци се запишаа Диенг и Херит, а Сент Етјен си даде и еден автогол.
Во завршницата од дуелот Дуат погоди за 2-4, но тоа беше сè од домашниот тим, кој остана без бодови.
На мечот меѓу Мец и Монако сите три гола беа постигнати во вториот дел, и тоа гостите погодија преку Бен Једер и Боаду, додека за домашните погоди Амаду.
Марсеј со новата победа се искачи на втората позиција и има 56 бодови, односно три повеќе од третопласираниот Рен и девет помалку од лидерот ПСЖ.