Фиорентина оствари минимален триумф над Емполи (1-0) на „Артемио Франки“. Победничкиот погодок за „виолетовите“ беше дело на Нико Гонзалес во 58.минута, на асистенција на Бираги.
Фиорентина со оваа победа се искачи на осмата позиција со 50 бода, но само со два бода негатива во однос на петтопласираниот Лацио.
Емполи се наоѓа на 12. позиција со 33 бода.