Во меч од 30.коло во Ла Лига, баскискиот тим Атлетик Билбао со 2:1 на свој терен успеа да слави над составот на Елче. Домашните беа подобар противник, одиграа добро и заслужено победија.
Стрелци на головите за победничкиот тим беа Беренгуер во 32.минута и Вилалибре во 86.минута.
И кога сите помислија дека ова ќе биде конечниот резултат, гостите преку Хозан во 90+2.минута успеаа да го ублажат поразот.