Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу постигна гол за Инголштад против Оје во дербито на дното во Втората Бундеслига.

Дефанзивецот реализираше во 28.минута за да му донесе водство на својот тим од 2-0. Муслиу изминатава недела играше во фантастична форма за македонската репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство и против Италија и против Португалија.