Во Доха беа извлечени групите за Светското првенство во Катар. Ќе биде интересно, а и многу тешко за Србија, во иста група се најдоа и Шпанија и Германија, лесно поминаа Англија и Аргентина.
Нашиот северен сосед Србија, доби речиси идентична група како на мундијалот во Русија, а ќе го отвори Светското првенство со дуел против Бразил во групата Г. Во групата се и Швајцарија и Камерун.
Мундијалот ќе го отвори домашната репрезентација на Катар против Еквадор на 22 ноември. Светскиот првак Франција ќе почне да ја брани титулата против квалификантот 1, Данска и против Тунис.
Интересна е групата Е, каде се поранешните светски прваци Шпанија и Германија, заедно со Јапонија и подобриот од баражот Нов Зеланд – Костарика.
Аргентинците добија реално лесна група и ќе играат против Саудиска Арабија, Мексико и Полска.
https://twitter.com/FIFAWorldCup/status/1509943669629018120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1509943669629018120%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fizvlecheni-grupite-za-mundijalot-srbite-vo-grupata-na-smrtta-teshko-i-za-shpanija-i-germanija%2F