Поништениот гол на Лајпциг во втората минута од вчерашната средба со Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, предизвика многу полемика.
Судијата досуди офсајд по голот на словенецот Шешко, а мислењето во јавноста беше поделено.
Контроверзната ситуација ја коментираше и Тони Крос, кој со својата изјава ги шокираше навивачите на „кралскиот клуб“.
„Овде гледам дека голманот Лунин не беше блиску до топката. Голот требаше да биде признат. Немам што друго да кажам“, изјави Крос.
Како и да е, Лајпциг не успеа да го надополни пропуштеното, на домашен терен беше поразен од Реал со 0-1, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Брахим Дијаз.