Францускиот шампион Пари Сен Жермен ја запиша шестата победа во седмиот меч и се врати на првото место во Лига 1, после минималната победа со 1-0 против Брест.
Џиџи Донарума му одбрани пенал на Слимани на 19 минути пред крајот, па спречи евентуален „кикс“ на парижаните, кои до победата дојдоа со голот на Нејмар после извонредна асистенција на Лионел Меси по половина час игра на „Паркот на принцовите“.
ПСЖ овојпат не ја покажа сета напаѓачка моќ, па и ги чуваше силите поради пренабиениот календар и новиот предивзик во ЛШ веќе во претстојнава недела, откако во вторникот славеа против Јувентус со 2-1 во дербито на отворањето на сезоната во европската елита.
Парижаните имаат 19 бода, два пред Ланс, а Марсеј има шанса да им се придружи на врвот ако вечерва победат против Лил. Брест остана на пет бода после овој четврти пораз сезонава.