Веќе е повеќе од јасно дека деновите на Пјер Емерик Обамејанг во таборот на Арсенал се одброени.
Габонецот извесен период поради недисциплина е надвор од првиот тим, а веќе беше донесена одлука да му се одземе и капитенската лента, со што се зголемија шансите тој во јануари да ја промени средината.
Извесен период за него интерес има од Барселона, клуб кој е во потрага по напаѓач и сигурно ќе донесе офанзивец во јануари.
Проблем за Обамејанг е тоа што тој е резервна опција за „каталонците“ кои прво ќе тргнат по услугите на Феран Торес од Манчестер Сити.
Освен Барселона, за Обамејанг се интересира и тимотна Јувентус кој исто така е во потрага по напаѓач во јануарскиот преоден рок.