Борусија Дортмунд го доби дербито против Баер Леверкузен со минимален резултат, 1-0. Марко Ројс беше стрелец на единствениот гол за „милионерите“ за први три бода на стартот од сезоната во Бундес-лигата.

Во завршницата гостите останаа без голманот Лукаш Храдецки кој доби црвен картон.