Фудбалерите на Реал Мадрид на четири кола пред крајот на сезоната ја освоија 35. шампионска титула, откако попладнево на „Сантијаго Бернабеу“ убедливо го совладаа Еспањол со 4-0, а ги издвоивме најважните моменти од денешниот натпревар.

Непосредно пред почетокот на мечот, почетниот удар го изведе познатиот шпански тенисер Рафаел Надал, инаку голем навивач на кралскиот клуб, а во ложата на стадионот се најде талентираниот Карлос Алкарас, кој оди по стапките на далеку поискусниот и постар колега.

Веќе во седмата минута навивачите на Реал му скандираа на Кристијано Роналдо поради трагедијата што му се случи на почетокот на минатата недела кога почина неговиот новороден син.

https://twitter.com/casq_/status/1520436774480367618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1520436774480367618%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fpet-momenata-koji-su-obelezili-slavlje-u-madridu-465121

За разлика од аплаузите за Роналдо, навивачите на Реал го навредуваа фудбалерот на Барселона Жерар Пике, чие име е под посебна лупа во Шпанија откако минатата недела протече аферата со претседателот на ФС на оваа земја.

Натпреварот го одбележа и Карло Анчелоти кој стана првиот тренер кој ја освоил титулата во секоја од петте лиги, а со нов гол во лигата Карим Бензема стигна до 26. гол во Примера со што практично ја зацементира титулата на најдобар стрелец на четири кола до крајот на лигата.

Во Мадрид моментално владее карневалска атмосфера, но Манчестер Сити за четири дена ќе пристигне во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите, што секако ќе биде најважниот натпревар во сезоната.

Потоа во сезоната ќе се соочат со Атлетико Мадрид, Леванте, Кадиз и Бетис.