Голгетерот има договор до крајот на јуни 2024 година, што значи дека сите заинтересирани клубови ќе мора да ја испразнат касата ако сакаат годинава да го донесат во своите редови. За Кејн лани беше заинтересиран и Манчестер Сити, а наводно во летниот преоден рок за неговиот потпис ќе се борат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
„Леви нема да разгледува понуди помали од 110 милиони евра за Кејн. Нема да има преговори, може да се плати оштетата или не“, изјави извор од клубот.
Кејн пристигна во Тотенхем во 2004 година од Ватфорд, а за лондонскиот клуб одигра 422 натпревари и постигна 268 голови.