Лисандро Мартинез од денеска и официјално е ново засилување на Манчестер јунајтед. Аргентинскиот дефанзивец потпиша петгодишен договор со можност за продолжување на истиот.
„Чест ми е што ќе бидам дел од овој голем клуб. Работев напорно за ова. Имав среќа низ кариерата да играм за успешни тимови и сакам да бидам исто така успешен во Манчестер Јунајтед“, изјави Мартинез на промоцијата.
Тој во претходните три години играше за Ајакс, за услугите на својот фудбалер холандскиот тим ќе добие 55 милиони евра плус уште неколку милиони евра на име дополнителни бонуси.