Френки де Јонг одбива да ја напушти Барселона, a поради тоа можеби ќе мора да замине голманот Марк-Андре Тер Штеген, откриваат шпанските медиуми. Финансиската состојба на Барселона едноставно мора да се санира за да се регистрираат новите засилувања Левандовски, Рафиња, Кристенсен и Кеси.

Ќе биде бурно во Каталонија, Барса го притиска Де Јонг да прифати намалување на платата за 50% или да биде продаден, а неговиот агент се уште ги отфрла сите опции.Од „Камп Ноу“ мора да си замине и Мемфис Депај, а тренерот Чави порача дека нема да смета и на Мингеза, Нето, Умтити, Брајтвајт и на Пуиг.