Годинешниот хит во шпанското првенство, екипата на Џирона почнува да губи чекор во борбата за самиот врв во Примера, а најдобар доказ за тоа е што го претрпе третиот пораз во низа на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Џирона во претходните рунди падна на „Сантијаго Бернабеу“ и „Сан Мамес“ што не е некое изненадување ако се земе предвид дека тоа се тврдините на Реал Мадрид и Атлетик Билбао, но избраниците на Мичел се лизнаа на теренот на Мајорка каде загубија со 1-0.
Тимот кој ќе се бори за пехарот во Копа Дел Реј (обезбеди финале со Билбао) успеа да слави со голот кој во 33 минута го постигна Копете.
Сега клубот од Каталонија има седум бода помалку од лидерот Реал Мадрид.