Сите четири гола во Неапол беа постигнати во второто полувреме, а прв до водство стигна гостинскиот тим преку Дибала.
Оливера израмни на 1-1 во 65. минута, додека Осимен од пенал на шест минути пред истекот на регуларниот дел погоди за 2-1.
Рома не се предаваше и тргна по втор гол на дуелот, а истиот беше дело на Абрахам кој ги постави конечните 2-2.
Аталанта без поголеми проблеми го совлада Емполи со 2-0 со погодоците на Пашалиќ и Лукман.
Рома е на петтата позиција со 59 бодови, Аталанта има 57, Лацио е седми со 55, додека Наполи е на осмото место со 50 бода.