За Рајо ова беше седми пораз во низа, а осми во последните девет меча и дуелот со Кадиз, кој запиша голем триумф во трката да избегне испаѓање од Ла Лига до победата дојде за седум минути во првата половина од второто полувреме.
Мароканецот Осама Идризи еднаш асистираше за Рубен Алкараз да даде гол за водство во 55-та минута, а потоа во 63-та погоди за да ја дуплира предноста и со тоа на Кадиз да му обезбеди триумф, кој е само четврти сезонава и по кој со 24 бода сега се многу близу зад ривалите во сигурната зона, еден зад Гранада, два зад Мајорка, а три од Хетафе.
Рајо, пак, кој до крајот на минатата година беше во игра за место и во ЛШ, поради ужасната серија, сега со 31 бод е дури 13-ти, седум пред денешниот противник.
Димитриевски, кој во јануари се поврзуваше со заминување од мадридскиот клуб, од почетоков на годинава има само четири настапи и тоа по два во Ла Лига и во Копа дел Реј, а последниве четири меча ги преседе на клупата за резерви.