Екипата на Арсенал ја оствари својата цел, ја совлада Астон Вила на гостински терен (2-0) и е на 100% ефект по две одиграни кола во англиската Премиер лига.
Вила двапати ги победи „топџиите“ во минатата сезона и беше посочена како главен виновник заради што Арсенал остана без освоена титула во Премиер лигата во битката со Манчестер Сити. Сега, тимот на Артета си ја сфати задачата посериозно осветата стигна и работите дојдоа на свое место.
Дуелот можеше да има поинаков тек, да не беше голманот Раја. Чуварот на мрежата на „топџиите“ ја изведе одбраната на сезоната во 52. минута. Фати топка на гол-линија од втор обид, па наиде на одушевување кај англиската јавност.
Таа одбрана ѝ даде крила на екипата, па Тросар во 67. минута донесе предност за гостинот.
https://twitter.com/i/status/1827407377101938858Се играше 77. минута кога Сака асистира до Парти, а тој ги постави конечните 0-2 на „Вила Парк“ во Бирмингем.
Арсенал во следното коло игра против Брајтон кој исто така нема пораз, а Астон Вила гостува кај Лестер Сити.