По ремито против Торино во првото коло, Милан денеска загуби со 2-1 на гостувањето кај Парма, што е многу лош старт за росонерите во новата сезона.
Дека Милан ќе има проблеми кај Парма имаше најава уште во втората минута кога Ман постигна гол за водство на домаќините од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 66. минута кога Пулишиќ израмни и ја врати надежта на Милан дека може да стигне до победа.
Но, десет минути подоцна Канселиери стрелаше за ново водство на Парма, овојпат од 2-1, што беше и конечен резултат.
Во истиот термин Удинезе го совлада Лацио исто така со 2-1.