По две одиграни кола во новата сезона Шпанската Ла лига, Барселона има максимален ефект со две идентични победи, од 2-1.
Откако минатиот викенд славеше на гости кај Валенсија, каталонскиот тим вечерва го совлада Атлетик Билбао. Херој на Барса повторно беше Роберт Левандовски кој го постигна победничкиот гол во 73. минута и по две одиграни кола има три голови на своето конто.
Претходно, резултатот го отвори Ламин Јамал по еден слалом во 24. минута со прекрасен удар од далечина, а израмни Санцет во 42. минута од пенал по фаулот на Кубарси. Барселона на двапати ја погоди стивата преку Левандовски по еднаш во двете полувремиња. Во вториот дел полскиот голгетер имаше одлична шанса за водство но голманот на Атлетик, Падиља фантастично модбрани.
Атлетик Билбао имаше свои шанси во вториот дел, но Барса не дозволи да загуби бодови на домашен терен.
Тимот на Ханси Флик ќе се обиде да ја продолжи победничката серија во третото коло во кое гостува кај Рајо Ваљекано, додека Атлетик против Валенсија на домашен терен ќе го брка првиот триумф во сезоната.