Во центарот на Загреб се случи крвава тепачка меѓу двете најжестоки навивачки групи во Хрватска, „Бед Блу Бојс“ и „Торцида“, при што се користеле палки, камења, факели и останати предмети, а неколку снимки од хаосот беа објавени на социјалните мрежи.

Полицијата не стигнала на време за да го спречи инцидентот меѓу навивачите, па на снимките може да се забележи дека дел од хулиганите лежат на улица по тепачката.

Во тепачката учествувале по десетина навивачи на двете екипи, а биле оштетени и угостителски објекти, како и автомобили кои биле во околина.