Во шампионатот на Хрватска во фудбал се одигра богат дуел со голови и одличен настап на македонскиот интернационалец Димитар Митровски. Нашиот млад фудбалер даде гол во ремито меѓу Вараждин и Истра 1961 (2-2).

Митровски донесе водство за Вараждин во 16. минута, постигнувајќи го четвртиот гол оаа сезона. Дабро во 30. минута зголеми на 2-0 и наговести домашна победа. Сепак, гостите од Пула во продолжението од натпреварот се вратија во игра и освоија важен бод. Валинчиќ и Вук уште до крајот на првиот дел израмнија на 2-2.

 

Вараждин е седми со 27 бодови, додека Истра е пласирана на деветтото место со еден бод помалку.

Лидер во ХНЛ е Ријека со 53 бода, пред Хајдук на Трајковски со 52 и Динамо на Адеми и Ристовски со 48 бода и натпревар помалку.