Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс, летово дојде во клубот и не е тајна дека сериозно ја намали платата за да го реализира трансферот.
Досега не се споделуваше колкава е „жртвата“ на Португалецот, но оваа информација ја сподели потпретседателот, Едуард Ромеу.
„Точно е. Феликс се сложи на драстично намалување на платата за да биде тука. Тој заработува 400.000 евра годишно.
Споредено со другите ѕвезди во светскиот фудбал, на играчите им се исплаќаат слични суми како неделна плата.
Жоао Феликс одлично ја започна својата позајмица во Каталонија и веќе има три гола и две асистенции во сите натпреварувања.