Фудбалската репрезентција на Шкотска е хит во квалификациите за Европското првенство, и убедливо води во групата во која се наоѓа и Шпанија. Составот на селекторот Стив Кларк има максимален учинок од 15 бода по пет кола и уште вечерва може да обезбеди пласман на ЕП 2024 во Германија.
Шкотите треба да ја победат Шпанија за сигурен пласман на ЕВРО 2024, но тоа нема да биде така лесно. Шкотска ја совлада црвената фурија во Глазгов на почетокот на квалификациите, но вечер во Севилја ќе биде многу потешко.