Ливерпул и Бенфика вечерва на „Енфилд“ ќе се сретнат во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. Конечниот исход од двомечот се чини дека е во голема мера предодреден, откако „црвените“ заминаа со солидно водство од 1-3 на гостувањето во Лисабон .
Сепак, резултатот е отворен, што јасно се виде и синоќа на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Челси, па затоа менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, предупреди дека тимот не смее да си дозволи потценување на противникот. Германскиот стратег нема проблеми со повреди и казни, и ќе може да го изведе најдобриот состав во потрага по втор успех против Бенфика.
Во исто време од португалскиот тим се надеваат на чудо. Тренерот Нелсон Верисимо верува дека неговиот тим ќе одигра многу подобро на реваншот.
„Веруваме во нашите способности и не се откажуваме. Наша цел е да постигнеме гол, но и да не дозволиме тие први да поведат“, изјави стратегот на Бенфика.
Верисимо нема да може да ги користи повредените Лукас Верисимо, Родриго Пињо и Рафаел Силва.