Реал Мадрид повторно не блескаше, но повторно дојде до минимална победа која го носи уште еден чекор поблиску до шампионската титула во Ла Лига.
Многу потешко од очекувањата, „кралевите“ ја победија Мајорка на домашен терен со 1-0 и по 19. коло ќе бидат лидери на табелата во шпанското првенство. Ако на претходниот меч, против Алавес во Виторија победата ја донесе Лукас Васкез, сега дуелот го одлучи друг дефанзивец во тимот – Антонио Ридигер.
Германскиот репрезентативец погоди на девет минути пред крајот со фантастичен удар со глава по центаршутот на Лука Модриќ од корнер. Ова е трета победа по ред и вкупно 13. натпревар без пораз на Реал во домашното првенство.
Вечерва Жирона против Атлетико Мадрид има можност да се израмни со мадридскиот тим и да ја продолжи борбата за титулата со него.
Кралскиот клуб ја потврди фаворитската улога, но потешко од очекуваното.
Мечот можеше да има поинаков тек, ако Мајорка успееше да постигне гол во 72. минута кога при резултат 0-0 стативата ја погоди Хозелу.
Во вториот натпревар, Селта Виго на домашен терен го победи Бетис (2-1). Пресуди доцниот гол на Сведберг во 96. минута. Претходно, гостите поведоа преку Руибал, а Аспас израмни од пенал на 1-1. Двата гола паднаа во првото полувреме.