Интер Мајами беше подобар од Филаделфија со 4-1 во полуфиналето на Купот на лигите, и ќе игра финале во ова натпреварување против Нешвил, па Лионел Меси има шанса во својот седми меч за Интер да го освои и првиот трофеј како играч на овој клуб.
Жорди Алба го постигна својот прв гол во дресот на тимот од Мајами, а гол даде и Лионел Меси и тоа со шут од 31,8 метри. Во 2012 година против Мајорка, Меси има постигнато гол со шут од 32 метри, и тоа му е рекорд, па утрово голот му е од најдалеку во последните 11 години.
Филаделфија имаше само еден пораз на свој терен во последните 39 натпревари, а пет години немаа загубено дома со три гола разлика. Но, засилениот Интер Мајами кој е последен во МЛС лигата, откако ги донесе некогашните ѕвезди на Барселона, е сосема друг тим и сее страв кај ривалите.
Еве го голот на Меси: