Украинскиот напаѓач постигна хет-трик за само шест минути и тоа со голови во 13., 15. и во 19. минута, со што најголемата сензација сезонава во европскиот фудбал брзо го анулира изненадувачкото водство на гостите кое им го донесе Ромеро во 10. минута. Довбик со ова влезе во друштво на Кике Сетиен, Кристијано Роналдо и на Жоакин, кои единствени во историјата на шпанската елита постигнале три гола во првите 20 минути од натпреварот.
Триумфот на домаќинот го најави уште еден фудбалер од Украина, Виктор Циганков, со гол во 56. минута, а уругваецот Стуани во претпоследната минута од натпреварот стави точка на победата.