Видовме големо изненадување на првиот натпревар од Бундеслигата во 2022 година, бидејќи Борусија Менхенгладбах уште еднаш оваа сезона го победи Баерн Минхен.
Откако Менхенгладбах ги декласираше Баварците со 5-0 во првиот дел од сезоната во натпреварот од Купот на Германија, овојпат триумфираше на „Алијанц Арена“ – 2:1 (2:1).
Баерн и понатаму има голема предност на првото место, со девет бода и натпревар повеќе од Борусија Дортмунд, но овој почеток на календарската година не ветува.
Роберт Левандовски направи феноменален потег во 18. минута, со еден контакт со топката го исфрли голманот од игра, а со вториот ја заби топката во мрежата на гостите.
Сепак, Борусија успеа да го смени резултатот со два гола во период од пет минути.
Најпрвин Флоријан Нојхаус го израмни резултатот во 27. минута по грешката на одбраната на Баерн, а потоа во 31. Стефан Лајнер со многу убав удар со глава го совлада Свен Улрајх.
Во вториот дел често се играше со отворен гард, но интересно не видовме голови.
Баерн беше најблиску до израмнување во 61. минута кога Левандовски со необичен, но мајсторски удар ја погоди гредата.