Хрватската ракометна репрезентација одигра добар натпревар против Русија и забележа победа од 30:24.
Првиот подготвителен дуел со Русија покажа дека Хрватска има уште многу простор за напредок. Хрватска забележа лесна победа без Дувњак, Циндриќ и Мамиќ, јасно беше дека е многу подобра репрезентација од Русија, но Русите се под Франција и Србија со кои Хрватска ќе се бори за пласман во следната фаза на ЕП.
Позитивни работи секако се добрата игра на Иван Мартиновиќ и Филип Главаш кој одигра без респект во второто полувреме, Мате Шуњиќ со неколку одлични одбрани, но имаше и работи кои значително треба да се поправат на ЕП , пред се играта во одбрана и слабата реализација на пикерите .
Хрватска го направи првото одвојување кога побегна со 5 врзани гола на 5:2, во првите 12 минути само Сорока погоди за Русите, а Хрватска рутински ја одржуваше предноста.
До крајот на првото полувреме Мартиновиќ целосно распука, постигнувајќи дури осум гола во првите 30 минути, сите осум гола од игра, без удари од седмерци.
Хрватската селекција на одмор замина со 15:12, а во вториот дел Хрватска веднаш им покажа на Русите дека нема да им дозволи да се вратат во игра.
Русите не успеаја да ја намалат разликата под минус три, Хрватска без проблем го одржуваше водството и останува впечатокот дека доколку требаше можеше да го зголеми темпото.
Во вториот дел Мартиновиќ им ја префрли палката на другите играчи, Јагањац погодуваше, Главаш си ја заврши работата, Шуњиќ бранеше добро, а предноста на Хрватска порасна на седум гола.
Мартиновиќ го заврши натпреварот со десет постигнати гола, Јагањац додаде пет. Сорока и Андреев постигнаа по шест гола за Русите.