И додека можеше да се очекува триумф на „светците“ против ППД Загреб, Кјелце тешко ја извојува победата во дербито со Кил. Славеше со 40-37, но во последните 10 минути беше неизвесно, а Кил водеше со 35-34 до 54. минута. На стотина секунди до крајот важеше и нерешено, но со два гола на Алекс Душебаев полскиот првак ја однесе победата.
Тој го заврши мечот со седум гола, колку што имаше и Симон Сичко, додека кај Кил предводеше Ерик Јохансон со девет. Ова беше трета победа за Кјелце во четири кола и сега се изедначи со Нант и со Алборг со по шест бода, зад водечката Барселона со максимални осум.
Во групата А, пак, ПСЖ исто така освои шест бода, зад првопласираниот Веспрем со осум. Го совлада ППД Загреб со 40-31, а своја вечер имаше пивотот Камил Сипжак со девет гола од десет обиди. Кај Загреб, Дибиров, Кавчиќ и Лејметер броеја по четири погодоци. Загреб остана на седмото место со два бода, подобар само од Порто.