Македонија со три порази го завршува учеството на ЕП во Словачка и Унгарија. По синоќешниот убедлив пораз од Данска од 31:21, нашите ракометари се вратија дома. Ова беше подмладена селекција, но и без неколку искусни ракометари пред се Манасков, Ојлески, и други кои што поради повреда, што поради позитивни тестови, не можеа да помогнат на селекцијата.

Ако е за утеха, нашиот голман Никола Митревски се најде во друштво на Топ 5 одбрани во последното, трето коло од групната фаза. Неговата одбрана на зицерот против Данска влезе во конкуренција меѓу најдобрите.