Баер Леверкузен киксираше и одигра 2-2 против Холштајн Кил, додека Борусија Дортмунд загуби со 1-2 од Унион Берлин во шестото коло од германската Бундеслига.
„Фармацевтите“ имаа одличен старт на натпреварот и по само осум минути стигнаа до водство од 2-0 со головите на Бонифејс и Хофман, а потоа им беше поништен и гол од ВАР-собата.
Холштајн Кил во завршницата од првото полувреме намали на 1-2 преку Гешвил, додека Арп од пенал во 69. минута погоди за 2-2.
Дербито во Берлин заврши со победа на домаќиниот Унион над Борусија Дортмунд. Во првото полувреме стрелци за водство на Унион беа Вогт и Вертесен, додека на 1-2 намали Ријерсон во 62. минута.
Волфсбург забележа победа од 1-3 на гости против Бохум, а Фрајбург исто така славеше на гостински терен со 0-1 против Вердер Бремен.