Иранските фудбалери одбија да ја пеат националната химна на првиот меч против Англија на 21 ноември, по што репрезентативците биле повикани на состанок со членови на Иранската револуционерна гарда.
Медиумот открива дека на фудбалерите им било кажано дека нивните семејства ќе бидат тепани и мачени доколку тие не ја пеат химната, а заканите пристигнале и до нивните домашни адреси.
„Во Катар постојат голем број ирански безбедносни офицери кои собираат информации и ги следат фудбалерите“, открива извор за „Си-Ен-Ен“.