Барселона не успеа да го оствари шестиот триумф сезонава на незгодното гостување кај Мајорка (2-2) на Балеарските острови, а натпреварот го одбележа и неверојатниот кикс на голманот Марк-Андре Тер Штеген на почеток на натпреварот.
Каталонскиот гигант одигра нерешено 2-2 и сега им даде шанса на Џирона и на Реал Мадрид да го преземат врвот со успеси во ова коло. Барселона во моментот е лидер со 17 бода, Џирона има 16, а Реал 15 бода.
Муричи ја доведе Мајорка во водство, а израмни Рафиња во 41.минута. Сепак, Мајорка на одмор замина со предност откако Абдон Пратс погоди во последните мигови од првиот дел.
Барселона притисна во второто полувреме, Жоао Феликс ја затресе стативата.
Во 66. минута Барселона доби пенал од судијата, но набрзо истиот беше поништен по реакцијата на ВАР-технологијата, сепак потоа Рафиња го пронајде Фермин Лопез за ново израмнување на резултатот (2-2).