Екипата на Манчестер јунајтед триумфираше со 3-0 против Кристал Палас и се пласира во осминафинале на Лига Купот, а место во следната фаза оствари и Барнли кој беше подобар со 4-0  од Солфорд.

Гарначо и Касемиро беа стрелци на головите за „црвените ѓаволи“ во првото полувреме, а предноста ја зголеми Марсијал во 55. минута од натпреварот.

Кристал Палас се обиде со неколку измени да го освежи составот и да се обиде да се врати во игра, меѓутоа екипата од Лондон не успеа да го матира Онана.

Барнли беше сигурен против Солфорд со 4-0, а за мечот во конкуренција повторно не беше Дарко Чурлинов кој е повреден.