Суперталентираниот Ендрик веќе потпиша за Реал Мадрид и ќе биде дел од првиот тим од јуни 2024-та година, но пред да дојде до тоа, тој продолжува да се калеми во својот Палмеираш.
Како идна млада ѕвезда на „кралскиот клуб“, јавноста посебно ги следи натпреварите кои ги има Ендрик, кој рано утрово имал еден потег за истакнување во дербито против Сантош.
Со својата брзина и лесно движење, Ендрик навистина потсетува на Диего Марадона и Лионел Меси, па во акција карактеристична за легендарните Аргентинци, младиот Бразилец немал доволно среќа.
Ендрик фасцинантно се ослободил од своите чувари и изградил позиција за шут, а гредата спречила да видиме вистинско ремек-дело.
https://x.com/madridistatvYT/status/1711110050503074257?s=20