Судијата Марко Сера долго време ќе го памети дуелот Милан-Специја (1:2). Имено, тој направи голема грешка, откако не остави играта да продолжи и да почитува предност, туку досуди прекршок за Милан, па голот на Месиас во судиското продолжение постигна гол, но секако не важеше. Подоцна Специја постигна гол и победи со 2:1.
Судијата Марко Сера по крајот на натпреварот им се извинил на „росонерите“, а извинување пристигнало и од асоцијацијата на судии во Италија.
Неколку извори од Италија сега пренесуваат дека Марко Сера бил во шок и солзи во соблекувалната, а Златан Ибрахимовиќ покажал дека е голем човек, го тешел арбитарот и му порачал дека „Се случуваат грешки“.