Душан Влаховиќ, младиот српски напаѓач на Фиорентина оваа сезона игра феноменално. Тоа го потврди и во победата од 6:0 против Џенова во 22. коло од Серија А.
Сепак, тој лошо го започна натпреварот. Во 9. минута неговиот обид да постигне гол од белата точка заврши неуспешно.
https://twitter.com/peelliwasbanned/status/1483172041905877000?s=20
За ова промашување во најголем стил се искупи Влаховиќ во 51. минута. Тој доби одлично додавање од Џакомо Бонавентура и со противнички играч на грб прекрасно го лобуваше голманот и го постигна 17-от гол во 21. првенствен натпревар.
https://twitter.com/goonerquadri/status/1483188997082038274?s=20