Аргентинскиот ас Лионел Меси си замина од „Паркот на принцовите“ и потпиша договор со Интер Мајами од САД, а во меѓувреме му дал совет на Килијан Мбапе, кој исто така е на излезни врати од Париз.

Мбапе неодамна објави дека не сака да го продолжи договорот со парижаните до јуни 2025 година и поради тоа ПСЖ планира да го продаде уште во летниот преоден рок.

„Л’Екип“ објави што му кажал Меси на помладиот колега пред да го напушти францускиот гигант.

„Би сакал да заиграш за Барселона, но ако сакаш да потпишеш за Реал, тогаш направи го тоа. Заслужуваш вистински проект, заслужуваш да се бориш за титули“, наводно му кажал Меси на Мбапе.