Резултатот е 2:2, па вечерва во мајсторката ќе се одлучува кој ќе ја освои титулата во АБА лигата.
„Овој натпревар е шанса да ја крунисаме оваа наша сезона. Со години ја подигавме организацијата, се подигавме од пепелта. Вечерва треба сите да се бориме за нашите момци, силно и гласно, до конечната победа. Вечерва веројатно ќе биде вечер на нашите навивачи. До сега имавме повеќе од пола милион публика на домашните натпревари. Во Европа тешко дека некој ќе собира толку фанови во една сезона, „гробари“ ви благодарам од срце, но вечерва е моментот кога треба да бидеме дисциплинирани. Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса, Партизан заслужува да победи и ќе победи“, порача Мијајловиќ.