Македонската женска тениска репрезентација оствари победа со убедливи 3-0 против Исланд во четвртото коло од Третата Европска зона на Били Џин Кинг купот.
Победникот беше решен уште по дуелите во сингл-конкуренција, каде што Магдалена Стоилковска славеше со 6-1 и 6-0 против Ана Софија Гронхолм, додека Лина Ѓорческа беше подобра со 6-2 и 6-0 од Софија Солеј Јонасдотир.
Во дубл настапија помладите тенисерки Ива Данева и Александра Симева, кои беа подобри од Гронхолм и Јонасдотир со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.
Македонија утре во последниот дуел од групата Б ќе се соочи против Молдавија.