Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи со победи, па така денеска славеше против израелскиот тенисер Бен Веинтрауб со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3 за пласман во осминафинале на турнирот во Ерусалим, Израел.

Ивановски, кој е седми носител на турнирот, уште во првиот сет најави дека сака брзо да го реши мечот во своја корист, па со два брејка создаде предност која му помогна да стигне до 6-3. Идентично беше и во вториот сет каде што македонскиот тенисер повторно покажа кој е поквалитетен играч и го доби сетот со 6-3.

Македонскиот тенисер во осминафинале ќе се бори против Ејал Шиовиц кој славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2 против Ори Барон во првото коло од турнирот.

Македонецот е во одлична форма и во неделата го освои турнирот во Ираклион, Грција без загубен сет.