Данил Медведев не го напушта Мелбурн со убави спомени, го загуби финалето на Австралија опен, но отвори и „фронт“ со Австралијците .
Рускиот тенисер влезе во „војна“ со гледачите на првиот Грен слем на почетокот на турнирот, се замери со Австралијците што му изразија поддршка на депортираниот Новак Ѓоковиќ , а во второто коло го победи нивниот миленик Ник Киргиос.
Во следните натпревари односот само се влошуваше, а сето тоа кулминираше во финалето против Рафаел Надал, кога Русинот се скара со судијата и ги нарече гледачите на трибините „идиоти“.
По мечот Медведев продолжи да зборува за некултурни навивачи, а како една од причините поради која домашната публика не е на негова страна ја наведе својата националност.
„Пред да сервира во петтиот сет, еден лик извика „Ајде Данил“, а потоа сите го замолкнаа. Беше разочарувачки, непочитување. “, изјави рускиот тенисер.
„Мислам дека националноста игра клучна улога. Мислам дека навистина се трудам, чувствувам дека јас, Андреј (Рублев), Карен (Хачанов), Аслан (Карацев) правиме големи работи. Тоа е перфектно. Да се надеваме дека ќе се обидеме да придобиеме повеќе луѓе со нас. Но, да, дефинитивно можам да забележам кога играте против тенисери од друга земја, тие би застанале на нивна страна, а не на Русите.
Двократниот финалист на Австралија опен е подготвен за драстични потези на своето тениски пат
„За време на натпреварот сфатив дека ќе продолжам да играм тенис затоа што е забавно. Ми се допаѓа да разговарам со вас новинарите, мислам дека и вие го гледате тоа. Зборувам за неколку моменти кога едно дете престанува да сонува, а денес беше еден од тие моменти. Нема да кажам зошто“, рече Медведев и продолжи:
„Од денеска играм за себе, за моето семејство, за луѓето кои веруваат во мене, за сите Руси, бидејќи чувствувам голема поддршка од Русија. Ако има турнир на тврда подлога во Москва, пред Ролан Гарос или Вимблдон, ќе играм таму дури и да го пропуштам Ролан Гарос или Вимблдон. Детето престана да сонува и ќе си игра за себе. Тоа е тоа, тоа е мојата приказна“.