Пјер Емерик-Обамејанг пристигна во Барселона.

Сè е подготвено за неговото доаѓање на позајмица, само се чека Барселона да заврши некои од трансферите со кои треба да се ослободи место за нов играч.

Габонецот веќе 6 недели не е во плановите на Арсенал и многу брзо се најде на излезна врата од Топџиите.

Претходно Барса во нападот се засили со Торес и Траоре и ова е трет напаѓач од Премиер лигата кој каталонците го ангажираат оваа зима.