Во последниот ден од преодниот рок се случи најголемиот трансфер во најсилните лиги во светот кој ќе се реализира на лето.

Според податоците што ги има весникот „Билд“ од Германија, Килијан Мбапе ги договорил сите услови околу трансферот во Реал Мадрид.

Досега имаше многу пресврти во кариерата на ова момче, особено во последните две години колку што Реал Мадрид е заинтересиран за него, дури се зборуваше дека ќе остане, а на крајот Мбапе сепак реши да го облече дресот на мадридските гиганти.

Според написот, Мбапе ќе заработува 25 милиони евра годишно во Реал Мадрид. Секако, трансферот ќе се реализира на лето.

Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува на крајот од оваа сезона, па Реал Мадрид нема ограничувања за договорот со Мбапе.

Да потсетиме, Леонардо минатото лето одби над 200 милиони евра за него од Реал Мадрид, а сега си заминува без евро обештетување .