Борусија Дортмунд потврди дека Ерлинг Халанд се сели во Манчестер Сити по завршување на сезоната, а од клубот веднаш се пуштија во акција да најдат негова замена. Нов напаѓач на клубот од Дортмунд ќе биде Карим Адејеми кој доаѓа од РБ Салцбург.
Адејеми е роден во Минхен, игра за А репрезентацијата на Германија и тој треба да го замени Халанд. Инаку овој играч одамна беше поврзуван со „милионерите“, но сега работата се забрзува.
Дортмунд за услугите ќе плати 38 милиони евра.
„Се договоривме со Борусија Дортмунд. Тој треба да потпише петгодишен договор и во истиот ќе нема откупна клаузула“, изјави агентот на играчот Томас Саломон.
Адејеми е дете на Баерн, но од таму заминува во Унтерхакинг, па во младинските категории на Салцбург. Во 2018 година се пробива во првиот тим на Салцбург.
Оваа сезона на 27 натпревари во австриската Бундес лига постигна 19 голови.
Има и три настапи за Германија.