Генгамп го победи Мец со 6:3 во осмото коло од втората француска лига. На мечот покрај деветте гола, имаше и три исклучувања, пет жолти картони и прекин од 25 минути поради навреди кон судијата.

За домаќините мечот почна добро, Мец поведе во втората минута по автоголот на Винсент Мансо.

Сепак, Џереми Ливолант израмни од пенал пет минути подоцна. Абли Жалоу погоди за 2:1, а во 16.минута гамбискиот напаѓач го постигна третиот гол за Мец. По четирите гола во првите 16 минути се чинеше дека домашните лесно ќе освојат бодови, но потоа почна серија на неверојатни глупости на играчите на Мец.

 

Во 31. минута домашниот стопер Кики Кујате доби жолт картон, а потоа фрли нешто кон судијата и поради тоа беше исклучен. Генгамп во 45. минута намали на 3:2, а голот го постигна Стивен Кумпер. Само две минути подоцна црвен картон доби и домашниот голман Александре Оукиџа. Гаетан Куртет беше сигурен од белата точка за 3:3.

Во 56. минута домашните останаа без трет играч. Поради опасен старт, Жан Жак Данли доби црвен картон.

По ова судијата Пјер Гејлост го прекина мечот и ги испрати тимовите во соблекувалните откако еден навивач се качил на оградата и му се заканувал на судијата.

Паузата траеше 25 минути, по што натпреварот продолжи со 11 наспроти осум играчи. Генгамп ја искористи предноста на теренот постигнувајќи уште три гола до крајот.

 

Со оваа победа Генгамп се искачи на шестото место со 13 бодови, Мец е осми со 11 бодови.