Според португалските медиуми, тој можел од тимот на Ал Хилал да заработи фантастични 242 милиони евра за две години играње на Блискиот Исток, но веднаш ја одбил ваквата можност. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед со ова покажа дека не му е до парите, најверојатно што веќе има заработено огромно богатство и дека се уште има спортски мотив, пред се настапот на СП 2022 во Катар.
Роналдо сметал дека ако замине да игра во земја како Саудиска Арабија би отпаднал од конкуренција за настап на следниот Мундијал, поради што решил по секоја цена да остане на „Олд Трафорд“, најмалку до јануари. Според новинарите, по дуелите во Катар, тој официјално ќе се повлече од репрезентацијата на Португалија и дури тогаш ќе прифати преселба во Азија или САД каде би играл исклучиво поради парите.