Кристијано Роналдо полека се вклопува во тимот на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Португалецот и на денешниот меч е капитен на Ал-Наср на гостувањето кај Ал-Вехда. Роналдо погоди за 1:0 во 21-вата минута, а тоа е и јубилеен 500-ти гол на Роналдо во домашните првенства.

Тој во кариерата има играно во првенствата на Португалија, Англија, Шпанија, Италија и сега во Саудиска Арабија.