Серија на земјотреси ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа над 17.000 луѓе, како и голем број на повредени, а норвешкиот фудбалер Фредрик Гулбрандсен од Адана Демирспор раскажа низ што се морал да помине.
Гулбрандсен во разговори со новинарите откри што се случило при првиот земјотрес, додека спиел на последен кат во зграда.
„Сè уште сум во шок. Не можам да ви опишам. Живеам на 15 кат и мислев дека ќе умрам кога почна земјотресот. Легнав на подот и чекав зградата да се урне. Кога се смири, веднаш тргнав кон излезот и видов како моите соседи бегаат од своите станови“, вели Норвежанецот.
Норвежанецот во моментов е на сигурно, а исто така го критикуваше раководството на турската Суперлига затоа што одложи само едно коло од првенството.